Филипче: Ситуацијата сè уште е сериозна и притисокот врз ковид центрите е голем

Очекуваме во наредниот период бројот на хоспитализации да почне да се намалува. Мерките даваат резултати, но потребно е максимално да се придржуваме до нив за да го надминеме и овој епидемиолошки бран, напиша министерот за здравство на Фејсбук.

413

Министерот за здравство Венко Филипче утрово на Фејсбук информираше дека иако изминативе денови има благ пад на бројот на приеми во болниците, сепак, како што вели, ситуацијата и понатаму е сериозна.

„На редовниот утрински состанок со директорите на ковид центрите во Скопје ја разгледавме состојбата со пополнетоста на болничките капациети. Иако во изминатите денови има благ тренд на намалување на бројот на приеми, сепак ситауцијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид центрите е голем. Во моментов имаме доволно слободни места за да се згрижат сите пациенти кои имаат потреба од болничко лекување. Очекуваме во наредниот период бројот на хоспитализации да почне да се намалува. Мерките даваат резултати, но потребно е максимално да се придржуваме до нив за да го надминеме и овој епидемиолошки бран“, напиша Филипче.

Поврзани содржини