Филипче: Шпекулација е дека тестовите се намалени поради политички интерес

653

Министерот за здравство Венко Филипче ги отфрли како шпекулации информациите дека тестовите се намалени поради политички интерес.

– Категорички ги отфрлам шпекулациите дека постои политички интерес и затоа се намалуваат тестовите. Центарот за јавно здравје и Институтот за јавно здравје пристапува кон правење на план за скрининг на лица за кои се смета дека се во критичните категоррии. Како одминува оваа фаза од епидемијата се надгради стратегијата, која даде исклучително добри резултати. Има намален број на тестирања, а тоа сакавме да го постигнеме  заради тоа што тестиравме пациенти кои имаа симптоми.  Сега влегуваме во нова фаза на епидемија – рече Филипче.

 

Поврзани содржини