Филипче: Семејството на починатиот пациент одбиваше да контактира со епидемиолозите

Многу беше тешко да се пристапи до семејството на починатиот, бидејќи постојано одбивало да контактира со епидемиолозите, како за организирање на погребот, така и во однос на давање податоци за контактите и присутните на погребот - истакна министерот.

1,470

Епидемиолозите имаат сериозен проблем со семејството на починатиот скопјанец кому вчера постмртно му беше утврден позитивен тест на кроонавирусот, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Тој објасни дека лицето починало во приватна болница во Скопје, а семејството го зело од болницата и го погребало според сите верски и народни обичаи, без да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.






– Многу беше тешко да се пристапи до семејството на починатиот, бидејќи постојано одбивало да контактира со епидемиолозите, како за организирање на погребот, така и во однос на давање податоци за контактите и присутните на погребот – истакна министерот.

Поврзани содржини