„ФИЛИПЧЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО ЈАПОНСКИ ТУРИСТ“ Има моќ да се преправа дека не е од тука, забележува ВМРО-ДПМНЕ
Вакво глумење како Филипче нема ни во цел Холивуд веќе. За Нетфликс да не зборуваме. Неговите способности за вакво однесување мора да се гледаат освен со осуда и презир и со воодушевување поради тоа што ретко има човек со ваков ѓон од образ да зборува за работи чиј неизоставен дел е и самиот тој, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче се однесува како да е штотуку дојден после 40 години во земјава, а како мал заминал во Јапонија и сега се вратил и се однесува како јапонски турист. Оваа негова моќ да се преправа како да не е од тука е на ниво на стрип јунак, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Да го потсетиме дека тој е суштински дел од проблемот на неказнивост. Узурпирајќи ја под наредба на Заев фотелјата на лидерското место во СДСМ тој освен што сака неказнивост туку и се надева дека ќе заборавиме дека му беше и сè уште му е извршител на Заев во сите матни работи. Вакво глумење како Филипче нема ни во цел Холивуд веќе. За Нетфликс да не зборуваме. Неговите способности за вакво однесување мора да се гледаат освен со осуда и презир и со воодушевување поради тоа што ретко има човек со ваков ѓон од образ да зборува за работи чиј неизоставен дел е и самиот тој. Тој е дел од мрачното минато на лопувлок и предавства кои во Македонија ако сакаме да постои, не смее да се повтори. И му порачуваме Македонија ќе успее и ќе победи. А неговата глума и ова патолошко однесување народот го гледа јасно и го препознава. Македонија не може целосно да победи ако финално не ги порази последните обиди на Заев преку неговиот тендер-хирург Филипче да се врати во власта. Народот тоа го знае и освен што ќе изгубат и треба да одговараат еден по еден за сите неправди кон Македонија и целата штета што ѝ ја направија“, се вели во соопштението.
Филипче се осврнува на неказнивоста свесен дека обвинителско судските кругови се во рацете на неговиот газда Зоран Заев и неговиот инструктор Али Ахмети, посочено е таму.
„Место да покаже зрелост и да ги тргне рацете од судството и обвинителството тој го потценува народот по којзнае кој пат и мисли дека со триковите и измамите на Заев ќе успее да добие некој глас плус. Но затоа е прочитан и затоа на закажан протест на СДСМ имаше повеќе новинари од протестирачи. Народот знае со кого си има работа. И за жал на следните избори ако СДСМ вака продолжи ќе дојде на ниво на 100 илјади гласови и ќе им следи пасокизација“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.