ФИЛИПЧЕ СЕ ИЗРАДУВА КАКО ТОЈ ДА ГО ПОБЕДИЛ ОРБАН „На ред се Вучиќ и Мицкоски“

Андреј Жерновски, меѓународен секретар на СДСМ, синоќа на Фејсбук коментираше дека победата на Петер Маѓар во Унгарија предизвикала „крокодилски солзи во Белата палата“.

1,851

Лидерот на СДСМ Венко Филипче ја слави победата над Виктор Орбан во Унгарија. Тој синоќа објави статус на Х во кој вели дека паднал недемократскиот режим на Орбан, токму како што со месеци најавувале.

– Криминалната организација ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ. Нема веќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации. Паѓаат автократските режими. Следен е Вучиќ, а со него и Мицкоски. СДСМ ќе ја врати власта во рацете на народот и Македонија конечно ќе ја врати на европскиот пат – напиша Филипче.

 






 

Андреј Жерновски, меѓународен секретар на СДСМ, синоќа на Фејсбук ја коментираше победата на Петер Маѓар во Унгарија:

„Прослава на улиците во Унгарија, крокодилски солзи во Белата барокна палата!“.

На радоста ѝ нема крај…

Поврзани содржини