ФИЛИПЧЕ РОБЕСПЈЕР ЌЕ ЈА ИСПРАШУВА БИСЕРА АНТОАНЕТА Институциите да решеле дали да ја „егзекутираат“
Одговарајќи на новинарски прашања по партискиот собир за зголемување на платите на наставниците, Филипче најави дека ќе има средба со Костадиновска-Стојчевска по повод обвинувањата што ги изнесе ВМРО-ДПМНЕ, дека за време на службено патување трошела буџетски средства за лични потреби.
Ги повикувам институциите да го истражат и да го расчистат случајот со трошоците на поранешна министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, рече вчера лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Одговарајќи на новинарски прашања по партискиот собир за зголемување на платите на наставниците, Филипче најави дека ќе има средба со Костадиновска-Стојчевска по повод обвинувањата што ги изнесе ВМРО-ДПМНЕ, дека за време на службено патување трошела буџетски средства за лични потреби.
– Закажав состанок со поранешната министерка за култура. Инсистирам тој случај да го расчистат институциите и доколку има каква било одговорност, секој што направил некаква неправилност, да сноси одговорност за таа работа. Сакам да го осудам тоа што Владата ги користи сите инструменти на партиски ПР да се справува со ова прашање – подвлече Филипче.