Филипче: Просечната возраст на заболените кај нас е 45 – 46 години, новите пациенти се во врска со лицата вратени од странство 

Има нови заболени во Штип, а сите кои биле во контакт со заболените од овој и другите градови се искоординирани со епедемиолошка анкета заради земање податоци и препорачани им се мерки. Сите се анкетираат, а свесни дека доаѓаат од странство - тие лица и биле во самоизолација - рече Филипче.

1,342

Просечната возраст на заболените кај нас е 45 – 46 години, а децата малку ја намалуваат границата. Очекуван е порастот е бројот на заболени од коронавирусот, но кривата е се уште блага. Нема потреба од паника ниту во Штип, ниту во други места – изјави денеска министерот Филипче.

Во врска со тоа дали меѓу новите случаи се и сопственици на фабрики во Штип и во Скопје со многу вработени и дали уште едно дете е заболено во Штип, Филипче со одговор :






– Има нови заболени во Штип, а сите кои биле во контакт со заболените од овој и другите градови се искоординирани со епедемиолошка анкета заради земање податоци и препорачани им се мерки. Сите се анкетираат, а свесни дека доаѓаат од странство – тие лица и биле во самоизолација. Се работи за контакти во семејството, нема простор за паника. Новите пациенти се во врска со лицата кои се вратени од  странство  и кај сите нивни контакти е постапено по протокол и интензивно се работи – рече Филипче.

Поврзани содржини