Филипче проценува: Пикот на заразата за еден месец од сега
Се надевам дека ќе успееме да го намалиме бројот на пациенти. Пикот на заразата може да биде за еден месец - истакна Филипче.
Имаме претпоставки дека пикот на заразата со коронавирусот ќе се случи за еден месец, рече министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
– Се надевам дека ќе успееме да го намалиме бројот на пациенти. Пикот на заразата може да биде за еден месец – истакна Филипче.
Тој додаде дека земјава во моментов има на располагање околу 1.400 тестови.
– На располагање се околу 1.400 тестови за коронавирус, а во тек е постапка со која ќе набавиме уште 1.000. Бројката на тестовите е сосема доволна. Заострените мерки ќе дадат резултат. Ограничување на движењето на граѓаните и нивното тестирање значително ќе ја намали кривата на зголемување на бројот на пациенти заразени од Ковид-19 – рече Филипче.