Филипче: Пристигнува поголема количина на вакцини, темпото на вакцинација ќе биде здржано
Има сосема доволен број на вакцини за да се задржи ова темпо на вакцинација – вели министерот Филипче.
Наскоро се очекува пристигнување на поголема количина на вакцини во земјава, најави министерот Филипче на денешната прес-конференција.
– Во моментов се вакцинираат хронично болните лица, постарите лица и оние кои беа пријавени до првиот пресек на 30 април. На почетокот на јули се очекува пристигнување на 500.000 вакцини од производителот „Синовак“, исто така во јуни се очекуваа и 100.000 дози на „Фајзер“ преку „КОВАКС“ механизмот. Сѐ уште ја немаме динамиката за пристигнување на „Фајзер“ преку нашиот договор со компанијата. Имаме најава за пристигнување на руската вакцина до крајот на овој месец, но сѐ уште немаме потврда. Има сосема доволен број на вакцини за да се задржи ова темпо на вакцинација – вели министерот Филипче.