Филипче: Преговараме за набавка на 200.000 вакцини од Кина

Сите 200 илјади дози треба да стигнат веднаш, а тоа што го чекаме како детали овој период којшто е пред нас е точното време во кое треба да пристигнат - изјави Филипче за телевизија Сител.

490

Министерот за здравство Венко Филипче попладнево изјави дека во тек се преговори за набавка на 200 илјади дози од кинеските вакцини.

– Очекуваме детали да имаме во следните неколку денови, инаку станува збор за 200 илјади дози кои планираме да стигнат од Кина. Сите 200 илјади дози треба да стигнат веднаш, а тоа што го чекаме како детали овој период којшто е пред нас е точното време во кое треба да пристигнат – изјави Филипче за телевизија Сител.






Тој посочи дека вчера разговорал со претставници на компанијата „Фајзер“ кои ни укажале дека тоа што прво ќе следува од нив е дозволата да се извезе една количина од Србија, односно тоа е првата количина што ќе стигне во нашата земја.

Поврзани содржини