Филипче: Повеќето од починатите од ковид-19 имале други хронични болести, а многу од нив доцна побарале помош
громен процент од пациентите имале тешка форма на некоја друга хронична болест, над 85% се со коморбидитети. Голем дел многу доцна доаѓаат во болница - рече министерот Филипче.
На денешната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче вели дека огромен број од починатите од ковид-19 имале други хронечни болести.
– Огромен процент од пациентите имале тешка форма на некоја друга хронична болест, над 85% се со коморбидитети. Голем дел многу доцна доаѓаат во болница – рече министерот Филипче.
На прашањето, што е со шпекулациите дека дел од пациентите починале од други болести, но биле заведени дека се починати од ковид-19, министерот истакна, дека тоа е така, но од самиот почеток доколку пациентот имал позитивен тест, тогаш се запишува дека починал од корона вирусот.
– Тоа е навистина така, но ние останавме доследни, односно објавување на сите пациенти, кои иако имале сериозна болест, а сепак биле заболени од ковид-19 – вели Филипче.