Филипче: Очекуваме до крајот на април да имаме 300.000 вакцини
Дефинитивно да, тоа е планот, кога ќе почне имунизацијата да не престане - рече министерот.
Гости вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 се министерот Венко Филипче, и пулмологот д-р Дејан Докиќ. Разговараме за различни теми поврзани со коронавирусот, а неизбежна тема е вакцинацијата.
Филипче истакна дека очекува до крајот на месец април, очекувањата се да пристигнат 300 илјади вакцини.
– Во Србија има претставништо на „Фајзер“, и можеби тоа е причина зошто најрано од сите стигна до вакцини. Во Албанија има вакцини кои стигнаа од „Фајзер“, од Ковакс, и стигнаа преку Турција. До крајот на овој месец очекуваме да дојдат близу 300.000 вакцините, тоа се 200.000 од Кина, 76.000 од Ковакс, и 25.000 од ЕУ. Дефинитивно да, тоа е планот, кога ќе почне имунизацијата да не престане – рече Филипче.