Министерот за здравство Венко Филипче вели дека oд почетокот на ковид кризата до денес, надграден е целокупниот систем на тестирање, и ниту еден граѓанин не е препратен од јавна во приватна здравствена установа за ковид тест.
– Впрочем и претходно, огромен број граѓани правеа крвни анализи, крвна слика во приватните лаборатории. Ова е само уште една услуга којашто сега се наметна и граѓаните едноставно одат и се тестираат во приватните лаборатории. Ниту еден пациент не останал без тест, ниту пак бил препратен од државна во приватна лабораторија. Тоа е многу важно да се знае. Не можеме ниту да ги ограничиме граѓаните, ниту лабораториите да го прават тоа што со години наназад го правеле, сега само како една екстра услуга за ковид – тест, а нашиот систем го надградуваме секојдневно со се повеќе тестови. Ниту еден пациент не останал без тест во јавно-здравствена установа – подвлече министерот за здравство Филипче.