ФИЛИПЧЕ НЕМА ИНТЕРЕС ДА БИДЕ ЛИДЕР НА СДСМ Нема да се кандидирам за наследник на Заев
Партиските органи на СДСМ во петокот ја прифатија оставката на претседателот на партијата Зоран Заев.
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање истакна дека нема да се кандидира за претседател на СДСМ.
– Немам таков интерес – кусо одговори Филипче.
Партиските органи на СДСМ во петокот ја прифатија оставката на претседателот на партијата Зоран Заев.
Од партијата информираа дека на седницата на Централниот одбор е донесена одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател. Новиот претседател ќе го бира 12 декември.
Постапката за кандидирање започна во саботата и ќе трае седум дена.