Филипче: Нема да брзаме со отворање на градинките

Тој објасни дека планот за отворање на градинките е утврден заедно со Министерството за труд и социјална политика, а како што посочи, тој план ќе се спроведува паралелно со враќање на вработените на своите работни места.

737

Нема да брзаме со одлуката за отворање на детските градинки, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Тој објасни дека планот за отворање на градинките е утврден заедно со Министерството за труд и социјална политика, а како што посочи, тој план ќе се спроведува паралелно со враќање на вработените на своите работни места.






– Во овој момент нема да брзаме со отворање на границите. Родителите на деца до 10 години и натаму ќе бидат ослободени од работа сè додека не се донесе одлуката за почеток на работа на градинките – истакна Филипче.

Поврзани содржини