Филипче: Не можеме вечно да живееме во изолација!

Засега не размислуваме за повторно воведување полициски час - рече Филипче.

763

Не можеме вечно да живееме затворени и одговорноста за враќање во нормала е сега на секој граѓанин во нашата држава, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција, но исто така додаде дека засега не се размислува за повторно враќање на полицискиот час на територија на целата држава.

– Можно е повторно воведување таргетирани рестриктивни мерки во повеќе региони, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција. Мерките не се почитуваат во повеќе општини. Размислуваме да воведеме мерки во одредени региони, но ќе видиме како ќе течат работите. Тие мерки ќе бидат таргетирани. Ќе ги анализираме податоците во текот на викендот и врз основа на тоа ќе ги утврдиме следните чекори. Анализата покажува дека ако се почитуваат актуелните мерки, тогаш нема да има потреба од воведување построги мерки. Засега не размислуваме за повторно воведување полициски час – рече Филипче.

Поврзани содржини