Филипче: Не мора маска, може да се носи марама или шал
Сите овие материјали апсолутно спречуваат капките да циркулираат меѓу луѓето особено кога е оддалеченоста помала од два метра - вели министерот.
Не мора задолжително да се носи хируршка маска, без разлика дали е двослојна или трослојна, туку таа може да се замени и со шал, марама или шамија – нагласи денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој додаде дека сите овие материјали апсолутно спречуваат капките да циркулираат меѓу луѓето особено кога е оддалеченоста помала од два метра.
– Затоа носењето на заштитната опрема како дополнителна мерка во однос на одржувањето на дистанцата тогаш кога не може да се одржи сметам дека ќе има сосем доволен ефект тоа што сакаме да го постигнеме – рече Филипче нема информација дека и сега – кога уште повеќе се бараат поради мерките – има дополнително зголемување на цените на маските, но ќе пренесе двата надлежни инспекторати да направат увид.