Филипче на ТВ21: Предвидовме дека капацитетот на болниците ќе се исполни

Тој посочи дека е горд како здравствените работници изреагирале.

1,015

Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека пополнувањето на болниците со пациенти позитивни на ковид-19 го предвиделе уште на почетокот на пандемијата.

– Ова беше нешто што на самиот почетокот на кризата предвидовме дека ќе се случи и само за илустрација за тоа како и зошто, и што направивме, тоа е дополнителниот капацитет на монтажната болница која ја додадовме пред Инфективната болница – истакна министерот Филипче.






Тој посочи дека е горд како здравствените работници изреагирале.

– Се престроија за нешто за кое никогаш не беа спремни, ниту здравствениот систем кај нас не бил подготвуван да одговори на еден ваков предизвик – рече Филипче.

Министерот додаде дека на Клиниката во моментов работат 26 инфектолози, а 7 од нив, како што посочи, се над 60 години.

Поврзани содржини