ФИЛИПЧЕ НА КООРДИНАЦИЈА Можно е зголемување на хоспитализациите, но слободни кревети има
Вирусот во моментов има широка инфекција, во постојана координација и комуникација сме и со епидемиолозите, остануваме да ја следиме ситуацијата и доколку е потребно да се дејствува со нови мерки, вели министерот.
Министерот за здравство Венко Филипче информираше за редовната координација со директорите на Клиниките на која се разговарало за болничките капацитети, состојбата на болните, како и актуелната епидемиолошка состојба.
– Во ковид центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација на пациенти, претстојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и коориднација која успешно се менаџира. Дополнителни капацитети за лекување пациенти со ковид има и истите може да се стават на располагање во секој момент. Доставата на терапија оди тековно и нема застој. Вирусот во моментов има широка инфекција, во постојана координација и комуникација сме и со епидемиолозите, остануваме да ја следиме ситуацијата и доколку е потребно да се дејствува со нови мерки тоа ќе го направиме – соопшти Филипче.