Филипче најави нова метода, озонска терапија за лекување на пациенти од ковид-19

526

Од денеска во болницата „8 септември“ е пренесен апаратот за озонска терапија, озонирање на крвта, информира министерот за здравство Венко Филипче, на редовната онлајн прес конференција.

– Тоа е една метода која се користи за третирање на најтешките пациенти. Тимот на анестезиолози направи детална анализа на огоимна литература и заклучи дека треба да се направи обид и оваа терапевтска мерка да се аплицира за лекување на овие пациенти. Станува збор за метода со која се озонира една количина на крвта која што се вади од пациентот и пота таа се враќа во пациентот – рече Филипче.






Тој најави и дека утре е закажана и првата екстракција на плазма којашто ќе се користи за третман на овие пациенти.

Поврзани содржини