Филипче најави можни рестрикции во јавниот превоз и на работното време на угостителите

555

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе се разговара за тоа дали има потреба од донесување на нови рестриктивни мерки, по рекордниот број на новозаразени од 535 лица.

Како точки на дневен ред ќе се најдат јавниот превоз, работното време на угостителите, а потенцира дека дел од мерките може да бидат само на подрачја каде што има енормно зголемување на бројот на заразени.






– На утрешниот состанок ќе дискутираме за тоа дали се потребни дополнителни рестрикции од тие кои што сега се на сила. Тоа би вклучувало рестрикција во јавниот превоз, ограничување на работата на угостителскиот објекти и на одредени економски субјекти и компании. Секаде каде што сметаме дека е ризик. Дел од мерките може да се таргетирани по општини, а дел може да важат на територија на цела држава – рече Филипче во интервју за Сител телевизија.

Значаен раст на новоинфицирани, рече министерот, има во цел регион и во Европа и тој бил очекуван. Се предупредувало на тоа и ги подготвиле болничките капацитети. Посочи дека во сите болници има слободни кревети но брзо се полнат и затоа е подготвена модуларната со 72 кревета.

Доклку се преполни „8 Септември“ подготвени се, рече, да пренаменат и други капацитети за оваа болница да не стане ковид-центар и за да може да функционира вообичаено. Одговорно тврди дека место на Инфективна има – во модуларната или во одделенијата на самата Клиника, има подготвен персонал и дека ниту еден пациент не смее и не се одвраќа.

Тој рече дека не недостасуваат доктрои и сестри, има списоци за ротации на медицнски персонал, а ќе се вклучат студенти од шеста година за да им помагаат на епидемилозите во правење на анкетите.

– На секој на кој му е потребна брза дијагностика може веднаш да дојде во болница, тука има брзи тестови, а исто така и на Институтот за јавно здравје. Секојдневно ги пратиме термините, дополнително дополнуваме таму каде што се потребни, верувам дека со брзите тестови ова значајно ќе се смени, рече Филипче.

За чекањето  по неколку дена за тестирање кое го закажуваат матичните лекари рече се очекува да се надмине со брзите тестови и најави донација на 7.500 кои треба да дојдат во наредните десетина дена, а исто така ќе се набавуваат и со заем од Светска банка.

За училиштата засега не се размислува за предвремен зимски распуст, зашто е мал бројот на заразени деца во градинки и училипшта и во изолација се одреден процент. Но може, рече, да се смени функционирањето на наставата со физичко присуство само за одредена општина според епидемилошката состојба.

– Но секако ќе се земе предвид ако сериозно се зголеми бројот, посебно ако некој регион или општина сметаме дека е во ризик во делот на функционирање на училиштата. Засега не. Сепак размислуваме за овие други мерки како дополнителни во однос на рестрикција во јавниот превоз, а секако и училиштата таму кај што треба – додаде министерот за здравство.

Во однос на смртноста, посочи дека најголем дел, над 85 отсто од починатите, имале други болести и на возраст над 60 години и дека таа е најкритична и најризична група. Има и пациенти кои доцна доаѓаат во болница и со лоши параметри и веднаш треба да се приклучат на респираторна машина.

Поврзани содржини