Филипче: На 16-годишна пациентка ѝ е извршена трансплантација на матични клетки од несроден донор

1,016

На 16-годишна пациентка на Универзитетската Клиника за хематологија во Скопје ѝ е извршена трансплантација на матични клетки од несроден донор, а материјалот за пресадување во земјава стигна преку патешествие, низ пет градови во Полска и Германија, информира на Фејсбук министерот за здравство Венко Феилипче.

– Секоја донација на матични клетки има своја приказна. Досега на Клиниката пристигнаа матични клетки од Полска во неколку наврати, како и од Италија и Германија. Матичните клетки се транспортираат од донорскиот центар каде се врши земање од периферна крв или коскена срцевина на несродниот донор до Клиниката за хематологија во Скопје.
Проф. д-р Ирина Пановска-Ставридис вели дека во овие вонредно тешки времиња на пандемија од ковид-19, за нив како професионалци е огромен предизвик да овозможат непречено одвивање на овие интервенции, иако се исклучително отежнати комуникацијата, соработката и транспортот на органот, односно матични клетки од периферна крв или свежа коскена срцевина, напиша Филипче.






Поврзани содржини