Филипче: На 14 пункта во земјата граѓани ќе се тестираат на коронавирусот, алгоритмот ќе каже кои

Ќе се тестираат пациенти, односно граѓани и тоа - 50 по епидемиолошки индикации и 120 со закажување по претходна најава кај матичниот лекар кој ќе треба да пополни алгоритам кој ќе укаже на тоа дали пациентот, граѓанинот треба да биде тестиран или не -  рече денеска министерот Филипче.

991

Од утре почнуваат да функционираат вкупно 14 пунктови ширум земјата, а во Скопје тие ќе бидат  во поликлиниките Чаир и Јане Сандански. Ќе се тестираат пациенти, односно граѓани и тоа – 50 по епидемиолошки индикации и 120 со закажување по претходна најава кај матичниот лекар кој ќе треба да пополни алгоритам кој ќе укаже на тоа дали пациентот треба да биде тестиран или не –  рече денеска министерот Филипче.

Утре ќе бидат објавени информациите за центрите ширум државата.






– Интензивно се работи на зголемување на капацитетите во однос на телефонските линии, пристапот на пациентите и тестирањата согласно епидемиолошките анкети. За соработката во врска со тестирањето со клиниката Жан Митре утре ќе прецизираме детали со Фондот за здравство. Земањето брисеви и за оние кои ќе се тестираат во оваа установа ќе го врши стручна екипа – најави министерот.  .

Тој апелираше повторно дека здравствените работници не можат да направат ништо, доколку граѓаните не им помогнат против ширењето на КОВИД-19.

– Никогаш како сега, не ни била потребна помошта од сите граѓани, од сите жители на нашата држава, на нас здравствените работници, 23 илјади за да помогнеме на сите 2 милиони граѓани на нашата земја. Ние тоа сами нема да можеме да го направиме. Сите овие мерки ги носиме и апелираме да се почитуваат, тоа е целта. Имаме зголемување на број на случаи и тоа е очекувано, ќе се зголемува и понатаму. Мораме да ги почитуваме сите овие мерки за да ја спласнеме кривата на раст на заболени од коронавирусот, тоа се случува насекаде во светот, само таму каде што се почитуваат мерките имаме соодветен резултат – посочи Филипче.

Поврзани содржини