Филипче: Кога ѝ да се одржат изборите, ќе се спроведат по строг протокол

Тој додаде дека бројката на заболени пациенти се намалува, епидемијата спласнува и дека тоа им дава за право да работат на олабавување на мерките, постепено да се враќаат на работа сите компании и субјекти кои се сега затворени.

380

Кога и да се одржат изборите тие мора да се спроведат по строг протокол за заштита на здравјето на граѓаните, изјави министерот за здравство Венко Феилипче на прес конференција.

Протоколот ќе биде изработен од  Комисијата за заразни болести заради тоа што нема да дозволиме каква било организација што може да го загрози успешното менаџирање на оваа здравствена криза – рече Филипче.






Тој додаде дека бројката на заболени пациенти се намалува, епидемијата спласнува и дека тоа им дава за право да работат на олабавување на мерките, постепено да се враќаат на работа сите компании и субјекти кои се сега затворени.

– Се изработија протоколи кои се споделија со економски оператори за кои се наменети. За дел од нив се стигнати и нивните мислења, за другиот дел ги очекуваме овие денови и верувам дека до крајот на оваа недела веќе сите протоколи ќе бидат завршени врз основа на анализите и дека од почетокот на следната недела тие ќе може да се применуваат – рече Филипче.

Поврзани содржини