Филипче: Изготвени протоколите за функционирање на фабриките, јавниот превоз

921

Констатацијата е дека се намалуваат индикациите за тестирања како преку пунктовите така и во приватните лаборатории и ова оди во насока на стишување, намалување на епидемијата, нешто што го очекувавме. Во Институтот за јавно здравје од 386 теста направени се 287, рече министерот за здравство Венко филипче на редовната прес конференција.

Тој додаде дека се изготвени сите протоколи за функционирање на општествените, економските оператори, фабриките, јавен превоз.






– Во текот на идната недела ќе бидат официјализирани по финалните консултации со сите кои ги засегаат, за да се слушнат евентуални сугестии по што јавно ќе ги презентираме исто како и временскиот период во кои што ги очекуваме овие попуштања на рестрикциите, за да не се создадат гужви и масовни собири- рече Филипче.

Тој додаде дека достојбата на Клиниката за детски болести каде имаше тројца вработени позитивни на ковид-19. Сите се без симптоми. Изминаа 14 денови од првиот брис, кај лаборантот е негативен и првиот контролен, другите ќе бидат готови деновиве. 23 лица нивни контакти после изолацијата од 14 дена се асиптоматски .

Филипче се заблагодари на Вајбер за новиот канал коронавирус.мк преку која граѓаните преку мобилен телефон добиваат информации од Министерството за здравство.

Министерот информира дека денеска ќе биде назначен новиот директор на Центар за јавно здравје во Велес.

Поврзани содржини