Филипче: Итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени

Очекувам итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени. Повикувам на максимална одговорност на секој поединец и почитување на сите мерки за заштита, истакна министерот за здравство.

3,096

Денеска, за жал, имаме досега најголем број на починати, 22 пациенти ја изгубија битката со ковид-19, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

„Регистрираме рекордни 30% позитивни од тестирани лица, а речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата. Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот кадар е огромен. Есенскиот бран на вирусот коси низ цела Европа и светот, никој не е поштеден. Молам да се сфати многу сериозно дека од секој еден од нас зависи како ќе го надминеме овој бран. Очекувам итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени. Повикувам на максимална одговорност на секој поединец и почитување на сите мерки за заштита“, напиша Филипче.






Поврзани содржини