Филипче: И новинарите може да бидат дел од скринингот за ковид-19

239

Медиумските работници може да бидат земени предвид за скрининг за коронавирус, иако во иницијалниот план не беа ставени на Комисијата за заразни болести, одговори Венко Филипче на новинарско прашање дали и новинарите и медиумските работници ќе бидат вклучени во скринингот за коронавирус во кој се вклучени полицијата, вработените во градинките и други категории на граѓани кои имаат голем број контакти со граѓани, поради природата на својата професија.

– Сметам дека и од оваа интензивна комуникација видовме дека се сосема коректни и добро се придржуваат до превентивните мерки – рече Филипче.

Поврзани содржини