ФИЛИПЧЕ ГО ИСПРАТИ ЗАЕВ СО БЕРБЕР Премиерот во заминување доби подарок од министерот во заминување (ФОТО)
Уметничкото дело беше врачено во Националната опера и балет, а во рамки на церемонијата за доделување на благодарници за здравствените работници од ковид-19 центрите.
Министерот за здравство во заминување Венко Филипче денеска му подари уметничка слика од авторот Мерсад Бербер во знак на благодарност на премиерот во заминување Зоран Заев.
– Сакам да се заблагодарам за поддршката што ја дадовте на здравствениот систем и здравствените работници. Сакам да се заблагодарам за тоа што никогаш не кажавте „не“ на барањето за било која инвестиција во здравството. И сакам да се заблагодарам поради тоа што успеавме со ваша помош да ги направиме здравствените работници горди и ценети во нашето општество – му се обрати Филипче на Заев.
Уметничкото дело беше врачено во Националната опера и балет, а во рамки на церемонијата за доделување на благодарници за здравствените работници од ковид-19 центрите.