ФИЛИПЧЕ ГИ ПЛАШИ ГРАЃАНИТЕ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ СТАНЕ МЕКА ЗА МИГРАНТИ Лидерот на СДСМ обвинува дека власта ќе прави гласачка машинерија од мигранти

Нема да дозволиме да дојдат мигранти тука по ниедна цена, ние сакаме развој, да сме дел од ЕУ, не сакаме да дојдат луѓе коишто гледаме како се однесуваат во другите земји и какви проблеми создаваат, насилства, протести, силувања, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

0

Нема да дозволиме да дојдат мигранти тука по ниедна цена, рече денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче, на прес конференција и најави „општа мобилизација во секој град и село“.

– Од британските медиуми дознаваме дека станува збор за разговори во кои се разгледува интеграција на мигрантите во македонското општество, нивно вклучување на пазарот на труд, особено во градежништвото, како и долгорочно населување во нашата држава. Дополнително, се објавуваат и детали дека Велика Британија планира да ѝ исплаќа на Македонија по 20.000 фунти, односно околу 20.000 евра по депортиран мигрант, согласно новиот модел за таканаречени повратни центри – рече Филипче.






Според него, скандал е што македонските граѓани за ова дознаваат од странските медиуми, а Владата молчи.

– Нашето место е во Европската Унија, а не на периферијата како црна точка. Ќе следи силна мобилизација, активност на секое ниво, секој град, во секоја општина, во секое село. Нема да дозволиме да дојдат мигранти тука по ниедна цена. Ние сакаме развој, ние сакаме да сме дел од ЕУ, не сакаме да сме мека на мигранти, да дојдат луѓе коишто гледаме како се однесуваат во другите земји и какви проблеми создаваат, насилства, протести, силувања, болести коишто се донесени, коишто се искоренети во многу земји, многу одамна – рече тој.

Филипче најави покренување онлајн петиција како прв чекор за спречување на, како што го нарече, антидржавното и антинационално однесување на Владата.

– Дали може да се очекува дека на мигрантите ќе им бидат дадени македонски пасоши и ќе бидат гласачка машинерија на ВМРО-ДПМНЕ? Сепак, се ближат избори. Дали е ова, цената што треба да се плати за да се добие кредит од 6 милијарди евра – праша  Филипче.

Поврзани содржини