Филипче: Ги имаме лековите „Ремдесивир“ и „Фавипиравир“, но тие не се за широка употреба

Со помош на кредит од Светска банка, кога ќе помине законот во Собрание, ќе се купи дополнителна количина за целата следна 2021 година. Но, ова не се лекови кои што се даваат надвор од болница - рече Филипче. 

1,059

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека лекот „Ремдесивир“ за лекување на болните од ковид-19 го има и во Македонија, но дека не е за широка употреба, туку се употребува само за болничко лекување.

– Мора да имаме предвид дека овој тип на терапија се дава во болнички услови и дека е лек што се дава под строга индикација на една од формите на болеста којашто може да се манифестира кај пациентите, но не кај сите. Ние го имаме лекот „Ремдесивир“ и лекот „Фавипиравир“. Со помош на кредит од Светска банка, кога ќе помине законот во Собрание, ќе се купи дополнителна количина за целата следна 2021 година. Но, ова не се лекови кои што се даваат надвор од болница – рече Филипче.

Поврзани содржини