Филипче ќе препишува мерки за жариштата на вирусот со Комисијата и со МВР, ќе има ли и полициски час?

Целта на состанокот е заедничка координација за делување во општините кои се детектирани како жаришта на коронавирусот.

1,454

Министерството за здравство информира дека денеска во 13 часот, министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче ќе одржи состанок со членовите на Комисијата за заразни болести, претставници на локални Центри за јавно здравје и претставници на Министерството за внатрешни работи.

Целта на состанокот е заедничка координација за делување во општините кои се детектирани како жаришта на коронавирусот.






На состанокот ќе се дискутира за начинот и ефективноста на спроведување на актуелните мерки на терен, како и организација и спроведување на можни дополнителни мерки.

Анализите и заклучоците од состанокот ќе се достават како предлози до Владата и до кризниот штаб за утврдување на следните чекори на делување.

Поврзани содржини