Филипче: Ќе го сменам директорот Зибери уште денеска ако може
И тоа е негова лоша предизборна реторика и ништо нема да добие со тоа д-р Зибери. Комисијата работи врз медицински индикатори и изјавата не доликува на доктор и човек што раководи со таква институција - рече Филипче.
Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека уште денеска ќе го разреши директорот на центарот за јавно здравје Скопје, д-р Арбен Зибери, одговарајќи на прашањето што ќе преземе по пофалбите на Зибери дека тој издејствувал отварање на границите без тестови, а за да можат Албанците од дијаспората да гласаат, па дали Комисијата и власта носат политички одлуки.
– Ја видов изјавата, а невистина е дека директорот Зибери е член на Комисијата за заразни болести. И тоа е негова лоша предизборна реторика и ништо нема да добие со тоа д-р Зибери. Комисијата работи врз медицински индикатори и изјавата не доликува на доктор и човек што раководи со таква институција. Ќе биде сменет д-р Зибери денеска, ако може, ако е правно изводливо ! – нагласи министерот Филипче.