Филипче: До вакцината ќе имаме ново Свето тројство – маска, дистанца и дезинфекција на раце

1,777

Комисијата работи на протоколите кои ќе бидат готови до крајот на неделата, а прво ќе се врати во работа компанија која може да примени шалтерски систем на работа, па сите други субјекти и тоа прво на отворено, па во затворено.  Но во следниот период,  до крајот на годината, се додека не биде пронајдена вакцината за ковид-19 за имунитет да се стекне, ќе имаме ново Свето тројство – маска, дистанца од 1,5 до 2 метра и задолжителна дезинфекција на рацете – изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи кога животот ќе почне да се враќа во нормала.

Според најавите, рече Филипче, вакцината против ковид-19 може да се очекува следната година.






Тој нагласи дека епидемијата спласнува, а бројката на заболени се намалува,

– Тоа особено не радува и ни дава за право да работиме на олабавување на мерките, постепено да се враќаат на работа сите компании и субјекти кои сега се затворени. Се изработија протоколи кои се споделуваат со економските оператори, а за дел од нив стигнаа и нивните мислења, за другите ги очекуваме. Верувам дека до крајот на неделава веќе сите протоколи ќе бидат завршени врз основа на анализите и дека од почетокот на следната недела тие ќе може да се применуваат. И за градинките се изготвува протокол,  мора децата некаде да се остават –  рече Филипче.

 

Поврзани содржини