Министерот за здравство Венко Филипче порача да не се политизира работата на Комисијатаза заразни болести, одговарајќи на прозивката од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, министерот Филипче и Комисијата за заразни болести да постапат како лекари, а не да бидат слуги на Заев.
– Не гледам потреба да се политизира работата на Комисијата за заразни болести ниту пак било кој дел од целокупниот овој процес во изминативе месеци се работеше исклучиво професионално и во интерес на јавното здравје на граѓаните, никогаш во интерес на политиката и така ќе биде во иднина. Граѓаните требада бидат спокојни околу тоа заради тоа што целата работа и предлагање на мерките се носи согласно состојбите и анализите, спроведувањето на мерките и почитувањето. Апелирам граѓаните да бидат трпеливи оти мерките се согласно анализите и бројките. Така ќе биде и во иднина – рече Филипче..