Филипче: Децата во Гевгелија немаат корона, ама симптомите се неспецифични за овој период
На ПЦР тестовите не е докажано присуство на ковид-19, но мора да знаеме за што се работи. Ќе видиме дали ќе треба да се направат дополнителни брисеви. Ќе знаеме точно за што станува збор. Немам информација за ваква појава за друг град – рече министерот.
Децата кои се хоспитализирани во болницата во Гевгелија не се позитивни на ковид-19, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, откако изминатиов месец лекарска помош побарале родители на 50 деца и бебиња со симптоми на респитарорни инфекции, неспецифични за овој период од годината.
– Зборував со директорот на болницата во Гевгелија, кој ми даде повеќе информации, за 20 деца кои доаѓаат во дневна болница. Затоа испративме тим од специјалисти, педијатар, докторка од пулмологија, како и кардиолог од Детската клиника да одат и да поразговараат со нивните колеги во болницата, зашто како што кажа директорот, малку е неспецифична таква слика и болести, нетипични за овој период во годината туку се типични за есенските месеци. На ПЦР тестовите не е докажано присуство на ковид-19, но мора да знаеме за што се работи. Ќе видиме дали ќе треба да се направат дополнителни брисеви. Ќе знаеме точно за што станува збор. Немам информација за ваква појава за друг град – рече министерот.