Филипче бара веднаш да се воведе санкционирањето на оние кои не носат маски
Секако има граѓани кои оваа мерка ја почитуваат и сакам да им се заблагодарам поради тоа, затоа што тие се свесни дека ова е една од клучните мерки во борбата против вирусот – вели министерот.
Министерот за здравство Венко Филипче упати порака до граѓаните дека веќе во текот на утрешниот ден да биде донесена одлука за сакнционирање на лицата кои не носат заштитни маски на лицето, на места на кои е пропишано тоа.
– За жал на социланите мрежи и во медиумите можеше да се забеле дека граѓаните не ја почитуваат мерката за задолжително носење на маска, па поради тоа ќе побараме од владата веднаш да реагирања за санкционирање на истити или најдоцна од вторник – рече Филипче.
Тој апелираше до граѓаните дека оваа мерка мора да се почитува и дека заштитната опрема мора да се носи така како што е пропишано, на затворено и на отворено кога не може да се држи соодветно растојание.
– Секако има граѓани кои оваа мерка ја почитуваат и сакам да им се заблагодарам поради тоа, затоа што тие се свесни дека ова е една од клучните мерки во борбата против вирусот – вели министерот.
Досега сите мерки дадоа резултат, па поради тоа министерот смета дека и оваа ако доследно се почитува луѓето ќе се заштитат себеси, како и семејствата, сограѓаните и сите наоколу.