„ФИЛИПЧЕ ЈА БРАНИ БУГАРИЈА, А ЈА НАПАЃА БРИТАНИЈА“ Остра реакција на ВМРО-ДПМНЕ на лидерот на СДСМ

Партијата го прозва Филипче за кандидатурата за Скопје и го обвини дека се додворува на Русија и Кина.

563

ВМРО-ДПМНЕ жестоко го нападна лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за, како што велат, „неспособност, додворување на Бугарија и отворен напад врз Велика Британија“. Од владејачката партија реагираа по неговите последни јавни настапи, обвинувајќи го и за прикривање на кандидатот за Град Скопје.

„Иако Бугарите насекаде низ Европа велат дека ние сме нивна покраина, а македонскиот јазик нивен дијалект, Филипче ќе се истепа да ги внесе во Устав. Па што да очекуваме повеќе од бугарскиот ас во Македонија – тандемот Заев и Филипче?“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.






Од партијата обвинуваат дека Филипче отворено се ставил на страната на Русија и Кина, по неговиот напад на стратешкиот договор кој Владата го постигна со Велика Британија.

„Филипче само што ја обвини Велика Британија за корупција! Тоа го прави единствено Русија. Ние пак, со гордост го поздравуваме потпишувањето на договорот со една од најмоќните светски сили и економии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потенцираат и дека СДСМ сѐ уште нема кандидат за Скопје.

„Филипче штотуку потврди дека нема кандидат за Град Скопје. Јавно го повикуваме Мишко Ралев – дали ќе ја прифати кандидатурата? Дотолку СДСМ е на колена што никој не им се нафаќа да биде кандидат“, стои во изјавата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини