Еден од најталентираните македонски ракометари Филип Талески потпишал едногодишен договор со Вардар, а информацијата ја потврдил и новиот спонзор Михајло Михајловски, пренесе порталот „СпортМ“.
Инаку, Талески потекнува од школата на Металург, а играше пет сезони во Германија. Тој се смета за еден од најталентираните ракометари.