ФИЛИП ЃОРЃИЕВ СО „КЕСА НА ДЕСЕТ“ ПОКАЖУВА ДЕКА ПРОМЕНИТЕ ЗАПОЧНУВААТ ОД НАС Остануваат уште неколку дена за пријавување на „Иднина која инспирира“

Веќе повеќе од една година ги чистам улиците низ Скопје. Со мојата идеја „Кеса на десет“ собирам ѓубре и се трудам да покажам дека секој може да ја инспирира промената, вели Ѓорѓиев.

3

Веќе повеќе од една година Филип Ѓорѓиев, кој стои зад иницијативата „Кеса на десет“, ги чисти јавните површ- Веќе повеќе од една година ги чистам улиците низ Скопје. Со мојата идеја „Кеса на десет“ собирам ѓубре и се трудам да покажам дека секој може да ја инспирира промената – вели Ѓорѓиев.ини низ Скопје. Со едноставен, но доследен волонтерски ангажман, тој покажува дека позитивните промени не зависат од големи ресурси, туку од подготвеноста секој да направи мал чекор за својата заедница. Неговата приказна е дел од платформата „Иднина која инспирира“ на dm drogerie markt, која до 31 јули ги повикува сите што со своите дела придонесуваат за подобра заедница да ја споделат својата волонтерска приказна или да пријават проект што заслужува поддршка.

– Веќе повеќе од една година ги чистам улиците низ Скопје. Со мојата идеја „Кеса на десет“ собирам ѓубре и се трудам да покажам дека секој може да ја инспирира промената – вели Ѓорѓиев.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by КолкуЃубре? (@kesanadeset)

Неговата приказна е една од многуте што платформата ги става во фокусот, со цел да ги препознае луѓето кои со личен пример поттикнуваат позитивни промени и да ги охрабри и другите да се вклучат. До 31 јули остануваат уште само неколку дена за пријавување на платформата, а сите информации се достапни на следниот линк.

– За мене инспирацијата не доаѓа од големи зборови, доаѓа од мали дела. Од тоа да подигнеш едно шише од улица, да помогнеш некому, да направиш нешто што утре ќе му значи на некој друг. Верувам дека иднината не се чека. Таа се создава секој ден, со секој мал чекор што ќе го направиме – порачува тој.

Покрај повикот за споделување инспиративни волонтерски приказни, преку платформата е отворен и јавен повик за проекти наменет за здруженија, организации, институции, училишта и единици на локалната самоуправа. Проектите треба да придонесуваат во една од трите области: заштита на животната средина, унапредување на меѓучовечките односи или развој и напредок, со акцент на социјалната еднаквост и рамноправност, интеграцијата, инклузијата и образованието. Повеќе информации за условите и начинот на пријавување се достапни на следниот линк.

Еден од основните услови е секој пријавен проект да вклучува волонтерски ангажман како составен дел од неговата реализација. Во рамките на повикот, dm ќе поддржи најмалку три проекти – по еден во секоја од трите области, а поддршката ќе биде приспособена на реалните потреби на избраните иницијативи.

Сите кои со својот волонтерски ангажман веќе придонесуваат за заедницата, како и организациите што имаат проект со потенцијал да создаде долгорочна позитивна промена, можат да се пријават на платформата „Иднина која инспирира“ најдоцна до 31 јули.

Поврзани содржини