ФИФА НЕ ПРОСТУВА, БРУТАЛНА КАЗНА ЗА АЛБАНИЈА Навредите и пцостите на фановите кон Србите ќе ги чини 173.000 евра
Навреди, пиротехника и фрлање предмети. Албанските навивачи предизвикаа инцидент на квалификацискиот меч во Тирана, ФИФА реагираше.
Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја казни Фудбалската федерација на Албанија (ФШФ) поради инцидентите на натпреварот против Србија, одигран на 7 јуни во Тирана, во рамките на квалификациите за Светското првенство 2026.
ФИФА ги информираше албанските фудбалски власти дека мора да платат 173.000 евра поради непримерното однесување на дел од навивачите. Главни причини за санкцијата се навредливи скандирања кон Србите, фрлање предмети, со што биле погодени неколку српски репрезентативци, како и употреба на пиротехника и прекини на официјалниот дел од натпреварот.
„Оваа казна е последица на повтореното несоодветно и пристрасно однесување на некои албански навивачи: песни со пристрасна содржина, фрлање предмети, палење пиротехника, упатени пораки несоодветни за спортски настан и прекини за време на изведувањето на националните химни“, се наведува во соопштението на ФИФА.
Покрај високата парична казна, ФИФА наложи и затворање на 20% од капацитетот на стадионот на следниот квалификациски меч со Латвија.
Инцидентите се случија и покрај обидите на ФШФ да го ограничи влезот на ризични навивачи, бил забранет влез за поддржувачи од Македонија и од Косово, но локалните навивачи сепак предизвикаа сериозни проблеми.
Натпреварот заврши 0-0, а го следеа 20.427 гледачи.