ФИФА бара да се намалат платите на фудбалерите за половина

Намалувањето на платите од 50% веќе се дискутира во англиската Премиер лига.

336

Раководството на ФИФА ќе се обрати кон играчите за намалување на платите за 50 проценти додека не се смири пандемијата од коронавирусот.

Ова стана јасно по средбата со претставници на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА) и Меѓународната федерација на здруженија на професионални фудбалери (ФИФПро).






Покрај тоа, ФИФА привремено ќе забрани договори со играчи и тренери да бидат откажани од клубовите за време на траењето на кризата.

Опцијата за намалување на платите за половина е поддржана од повеќе од половина од клубовите.

Намалувањето на платите од 50% веќе се дискутира во англиската Премиер лига.

Поврзани содржини