ФИЦО ГИ КРИТИКУВА БРИСЕЛ И КИЕВ Словачка бара проток на руска нафта, решение гледа во „Дружба“

Словачкиот премиер Роберт Фицо смета дека обновувањето на протокот на руска нафта преку „Дружба“ е единствено решение за стабилизирање на пазарот.

0

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, побара Европската комисија да ја принуди Украина да го овозможи протокот на руска нафта преку нафтоводот Дружба, оценувајќи дека тоа е клучно за стабилизирање на енергетскиот пазар.

Фицо изјавата ја даде по заедничката седница на владите на Словачка и Чешка во Нова Хорка. Според него, обновувањето на протокот е единственото решение по кризата предизвикана од војната на Блискиот Исток и тензиите во Ормускиот теснец.






Тој ги критикуваше Брисел и украинскиот претседател Володимир Зеленски за, како што рече, политички игри, нагласувајќи дека Словачка и Унгарија имаат легално право да увезуваат руска нафта и гас до 2027 година. Фицо додаде дека сателитските снимки не покажуваат надворешни оштетувања на нафтоводот.

Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш, го поддржа барањето за обнова на јужниот крак на „Дружба“, истакнувајќи дека преку него би можела да се испорачува и нафта од Казахстан. Тој додаде дека енергетската криза треба да се решава регионално, со вклучување на земјите од Вишеградската група, како и Германија и Австрија.

Двете влади ја обновија практиката на заеднички седници по тригодишна пауза, што Фицо го оцени како враќање на блиските односи меѓу Братислава и Прага.

Поврзани содржини