ФФМ се соочува со казна од УЕФА: Фудбалерите ги прекршиле здравствените протоколи пред мечот со Холандија

Евентуалните санкции на УЕФА ќе бидат против федерацијата на Северна Македонија, а нема да бидат индивидуални, односно нема да бидат изречени кон играчите, пишува „Дејли њуз“.

569

Фудбалската федерација на Македонија се соочува со казна од УЕФА за можно кршење на здравствените правила од страна на нејзините играчи на ЕВРО 2020, иако тимот веќе е елиминиран од првенството.

Надлежниот орган на Европската фудбалска асоцијација веќе ја заврши истрагата за наводно „лошо однесување и потенцијално кршење на здравствените протоколи“ од страна на играчите на ЕВРО 2020.






Тоа се однесува на земање брис од играчи во Амстердам во саботата (19 јуни) за задолжителни тестови, две дена пред мечот со Холандија, објави попладнево Германската новинска агенција (DPA).

Евентуалните санкции на УЕФА ќе бидат против федерацијата на Северна Македонија, а нема да бидат индивидуални, односно нема да бидат изречени кон играчите, пишува „Дејли њуз“.

Поврзани содржини