ФФМ ЌЕ ПЛАТИ ВКУПНО 14.500 ЕВРА Стигна казна од УЕФА за исвиркувањето на бугарската химна

ФФМ треба да плати 10.000 евра за исвиркувањето на химната и уште 4.500 евра затоа што публиката фрлаше предмети на теренот.

100

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) парично ја казни Фудбалската федерација на Македонија за случувањата на натпреварот со Бугарија одигран на 26 септември во Скопје.

ФФМ треба да плати 10 илјади евра за исвиркување на химната на Бугарија, како и 4.500 евра за фрлање на предмети на теренот.






Казна доби и македонскиот репрезентативец Тодор Тодороски. Тој поради добиениот црвен картон е суспендиран еден натпревар.

Поврзани содржини