„ФЕРОИНВЕСТ“ Е ЛИДЕР ВО ИЗГРАДБА НА ФОТОНАПОНСКИ ЕЛЕКТРАНИ Реализирани се 30 проекти, уште 10 завршуваат набргу
Најголема е електраната Тркање од 8 MW, која е во сопственост на „Фероинвест/Централинвест“ и која дава значаен удел во сопственото производство на електрична енергија од обновливи извори.
„Фероинвест“ во текот на август успешно реализираше пет проекти и пушти во употреба 2 MW фотонапонски електрани за свои клиенти, од кои дел на земја, а дел на кровови на објектите на клиентите.
Во моментот, екипите на „Фероинвест“ и ЕМС, интензивно работат на уште 10-тина фотонапонски електрани со инсталирана моќност од 15 MW, кои се очекува да бидат завршени во следниот период.
Во последните 2 години „Фероинвест“ реализираше над 30 проекти за фотонапонски електрани, од кои поголемиот број се капацитети на кровови на компании, со вкупна инсталирана моќ од 16 MW, од кои најголема е електраната Тркање од 8 MW, која е во сопственост на „Фероинвест/Централинвест“ и која дава значаен удел во сопственото производство на електрична енергија од обновливи извори.
Групацијата „Фероинвест/Централинвест“ произведува зелена електрична енергија преку мали хидроцентрали, фотонапонски централи и централи на биогас.
Компанијата е лидер во производството на електрична енергија од обновливи извори, а на своите клиенти им нуди реализација по принципот „клуч на рака”, кој подразбира поддршка во обезбедување на потребна документација, проектирање, изградба и монтажа, пуштање во употреба и следење на работата. Целиот процес го спроведуваат стручните служби од „Фероинвест“, како и ќерките компании на групацијата, ЕМС и Аквават, а купопродажбата на електрична енергија се одвива преку компанијата РЕС, во сопственост на бизнисменот Кочо Анѓушев.