Фекалии и смрдеж од Шпанско село се шират во Трнодол (ФОТО)

Жителите на Трнодол велат дека проблемот е стар повеќе од десет години, но состојбата е многу полоша од претходно.

767

Жители од населбата Трнодол до нашата редакција испратија фотографии во кои може да се заблежи голема депонија во која се влева канализација од дивата населба „Шпанско село“, при што се шири непријатна миризба.

Тие за Плусинфо велат дека проблемот е стар повеќе од десет години, но состојбата е многу полоша од претходно, а покрај отпадните води во потегот меѓу овие две населени места може да се забележат купишта градежен шут, мебел, санитарии, плочки, азбестни табли, гуми…






Жителите на овој дел од градот, велат дека и покрај тоа што неколку пати реагирале до Општина Карпош и до Градот Скопје, досега никој не дошол да го реши овој проблем, туку планината од ден на ден сѐ повеќе се затрупува во отпад.

Поврзани содржини