🎥 ФЕКАЛИИ ГО НАПОЛНИЈА ПРЕМИНОТ КАЈ ТЦ „СКОПЈАНКА“ Жителите се жалат на страшна смрдеа
На видеото што го објави порталот Република се гледа како фекалии течат по скалите и се таложат во ходниците на трговскиот центар.
Подземниот премин кај ТЦ Скопјанка во населбата Аеродром е поплавен со фекалии, реагираат граѓаните кои се сопственици на деловни објекти во овој трговски центар.
Според нив, известени се одговорните служби на АД ДЕЛПРО и ЈП Водовод и канализација Скопје, но како што посочуваат, до овој момент проблемот сè уште не е решен.
На видеото што го објави порталот Република се гледа како фекалии течат по скалите и се таложат во ходниците на трговскиот центар.