Федерер: Ако губам, ќе се пензионирам!
Ако почнам да губам во второто коло секоја недела, тогаш ќе разберам дека времето ми заврши - изјави Федерер.
Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер кажа што би можело да го натера да ја заврши играчката кариера.
– Ако почнам да губам во второто коло секоја недела, тогаш ќе разберам дека времето ми заврши – изјави Федерер.
Тенисерот ќе го пропушти остатокот од сезоната оваа година од здравствени причини.
– Сè уште сум жеден за победи, среќен сум и полн со мотивација. Сакам да си ги одмерам силите со најдобрите на големите турнири, како и минатата година на „Вимблдон“. Ми требаат вакви моменти – додаде Федерер.