Фејсбук воведува нова опција – експертите ќе излезат на виделина
Тагот „експерт“ автоматски ќе биде отстранет и нема да можете да бидете означувани со него во иднина, ако сте добиле три или повеќе „штрајкови“ од други членови на групата изминатите 90 дена.
Фејсбук воведува ново копче „експерт“ со кое администраторот на групата во која членувате може да ве означи вас или било член за кој смета дека е доволно стручен да зборува на одредена тема. Функцијата со која веќе експериментира Фејсбук може да се покаже згодна за сите оние кои сакаат да се караат и да полемизираат на оваа социјална мрежа, пишува Би-Би-Си.
Но, ова значи дека „експерт“ може да биде назначен и човек кој не е баш експерт на темата, туку по лично убедување на администраторот на групата. Ако земеме предвид дека Фејсбук, од почетокот на годинава реши веќе да не ги цензурира анти-ваксерските групи, или групите на разни политички фракции кои шират дезинформации, „експерт“ би можел да биде назначен и некој што пропагира некоја теорија на заговор или каква било информација.
Сепак, тагот „експерт“ автоматски ќе биде отстранет и нема да можете да бидете означувани со него во иднина, ако сте добиле три или повеќе „штрајкови“ од други членови на групата изминатите 90 дена. Ова е ограничена тест-фаза, објаснува портпаролот на Фејсбук.
Значајни членови во групата
„Администраторите сега имаат можност да избираат специфични членови во нивните заедници кои се издвојуваат, оспособувајќи ги да играат позначајна улога“, напиша извршниот директор на Фејсбук, Марија Смит, во својот блог.
Избраните луѓе ќе имаат избор дали да ја прифатат или одбијат стручната покана. Ако прифатат, ќе добијат значка „експерт“ покрај нивното име. Тие можеби ќе добијат задача од администраторот да одговараат на прашања во Q/A и да споделуваат разни информативни постови во групата.
Гејмери кои се разбираат во јога
70 милиони групи има во моментов на Фејсбук, секоја со свој администратор и со модератори. Како ќе знаат тие администратори кој има каква експертиза? Лесно. Ќе постои опција тоа да се наведе во личниот опис. На пример, некој гејмер можеби се разбира во јога итн.
Но, и ова може да биде изманипулирано. Страница со агенда за борба против вакцините може многу лесно да назначи „експерти“ кои се против вакцините и да го искористи нивниот статус на доверба за да објави лажни содржини.
На крајот на краиштата, зошто да биде администраторот тој кој ќе одлучува кој е „експерт“?