ФБИ ПРОНАЈДЕ ПУШКА И ТРАГИ ОД АТЕНТАТОРОТ Сè уште се трага по убиецот на Чарли Кирк

Покрај оружјето, истражителите откриле обувки и отпечатоци кои можат да помогнат во идентификација на напаѓачот.

574

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека пронашло пушка за која постои сомнеж дека му припаѓала на напаѓачот што го усмрти политичкиот активист и сојузник на Доналд Трамп, Чарли Кирк.

Специјалниот агент од канцеларијата на ФБИ во Солт Лејк Сити, Роберт Колс, изјави дека освен пушката, истражителите дошле до уште неколку значајни траги.






– Покрај оружјето, пронајдовме обувки, отпечаток од дланка и прсти, како и јасен отпечаток од подлактница. Дополнително, имаме и слика на осомничениот – изјави Колс.

ФБИ отвори телефонска линија за граѓаните да доставуваат информации што би помогнале во откривање на атентаторот.

Првично, едно лице беше приведено под сомнение дека е извршител на убиството, но по полициското испрашување беше пуштено на слобода. Одделот за јавна безбедност на Јута потврди дека и двете лица кои накратко беа задржани „не се поврзани со пукањето“ врз Кирк.

Истражителите продолжуваат со интензивна потрага по вистинскиот напаѓач.

📽️ НАПАЃАЧОТ ПУКАЛ ОД КРОВ, ГО ПОГОДИЛ ЧАРЛИ ДИРЕКТНО ВО АРТЕРИЈАТА Што знаеме за убиството на сојузникот на Трамп?

📽️ СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ПРЕД 6 МЕСЕЦИ ГИ ПОСОЧИЛ „ПРОФИТЕРИТЕ ОД ВОЈНАТА“ Се појави контроверзна снимка од Чарли Кирк

Поврзани содржини